За проектот

Балканска Младинска Редакција

Поттикнување дискусија преку информација

 

Балканската Младинска Редакција е регионален проект кој што ќе биде имплементиран во Штип, Македонија, Ниш, Србија и во Сараево, Босна и Херцеговина, во период помеѓу јануари и декември 2015 година. Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа од Скопје, Македонија е носител на проектот. Студентското радио при Државниот универзитет „Гоце Делчев” од Штип, новинската редакција Јужне вести од Ниш, Србија и Карике, младинскиот магазин на Младинската Новинска Асоцијација во Босна и Херцеговина ONAuBIH се трите партнери вклучени во активностите на проектот Балканска Младинска Редакција.

Проектот вклучува 60 млади луѓе од трите балкански држави. Ќе има по 20 учесници од секоја држава, кои што ќе бидат поделени во најмалку четири групи, зависно од просторните можности на редакциите во Штип, Ниш и во Сараево. Сите учесници ќе работат во локалните новински редакции на партнерските организации вклучени во проектот. Секоја од групите ќе работат во локалните новински редакции најмалку два дена во неделата во текот на еден месец.

Учесниците во проектот се млади луѓе на возраст од 18 до 28 години со различен социо – економски статус, ниво на образование и етничка припадност. Активисти, работници од граѓанското општество и студенти кои што студираат новинарство се целната група на која што се фоксуираме во овој проект. Постојано ќе се објавуваат истражувачки приказни, новинарски текстови со добар квалитет, како и мултимедијални производи. Тие на медиумските партнери и на другите медиуми кои се во потрага по добри теми ќе им се нудат за реобјавување и за доработка.

Учесниците ќе поминат низ тренинзи по новинарство, уредување на видеа, фотографија, истражувачко новинарство, дигитално раскажување приказни, он – лајн пишување и креативно одржување на веб – страницата, која што ќе произлезе како резултат од проектните активности. Платформата на Балканската Младинска Редакција ќе нуди новинарски приказни и медиумски производи на теми и проблеми од важни и приоритетни области во општеството.

Давајќи им знаење и вештини преку Балканската Младинска Редакција, овие млади луѓе ќе бидат во можност, не само да стекнат способности и искуство кое што ќе им биде корисно на пазарот на трудот, туку ќе добијат можност да испратат порака до одлучувачите на политики во регионот. Посебно што, многу младински медиуми кои што беа активни во времето на поранешна Југославија, сега не постојат.

Нашиот проект Балканска Младинска Редакција има за цел да произведе најмалку 600 приказни и медиумски производи додека траат проектните активности. Тие ќе бидат објавени на новинската платформа на Балканската Младинска Редакција. Најмалку 100 приказни и медиумски производи ќе бидат објавени на други медиуми, а најмалку 15 обучени учесници во иднина, по потреба ќе бидат вклучени во работата на локалните партнери.

Проектот Балканска Младинска Редакција е финансиран од програмата на младински иницијативи на Фондацијата Отворено Општество.

 

 

������ ���� Diablo 4 ������ ���� ������� ����� ������ ���� ���������-������ ������ ���� Minecraft ������ ���� Assassin's Creed ������ ���� COD 2 ������������ � ���� � ������� ������� ������� �������� ����-������� ������� � ������� ������� ���� � ������� ������������ ������ ���� GTA 5 ���� 4 The SimsOnline � Minecraft 2 Assassins creed �� ������� COD 2 ������ Need For Speed 6 Grand theft auto london Gta unlimited ��� 5 Sims 4 ����������� �������