Со физика од Македонска Каменица до Мумбаи

Не постојат потешкотии доколку се учи постојано

Пишува Благојчо Костадинов
 
Сте помислиле ли дека ако сте одлични по предметот физика може да ве однесе во Индија? Дури пет ученика од Македонија го доживеа тоа. Неодамна во Мумбаи се одржа меѓународна олимпијада од областа на физиката каде учество заземаа 390 учесници од 86 држави. BYN успеа да исконтактира со македонскиот претставник Филип Митровски од Македонска Каменица, кој вели дека:
-Подготвувањето не беше со поголем интензитет последниот месец, но потребно е континуирано учење. Вообичаено додека одев средно училиште бев дел од натпревари по физика организирани на локално, регионално и државно ниво.
Не постојат потешкотии доколку се учи постојано и нема никаква препрека ако се сака да се стигне до посакуваниот успех.
-Цело време се подготвував за нив и не ми претставуваше некоја препрека овој натпревар затоа што јас веќе целиот материјал го знаев кој беше предвиден за овој натпревар и  со прелистување на истиот немав потешкотии со поставените прашања, вели Филип.
Да се биде дел од некој натпревар потребни се и финансиски средства. Локаните фирми и општинските самоуправи помагаат да се оствари сонот на успешните ученици.
-Финансиски ми помогнаа локални фирми и општината Македонска Каменица и дел од средствата ги покрив сам. Како најголема награда ни беше самото учество и добивањето на сертификат и самата дружба со учесниците од цел свет, потенцира Филип.
Најдобар успех од македонските претставници имаше ученикот Дејан Максимовски од Штип ученик во ПСУ„Јахја Кемал“.

Tags: