"Моќта на студентите е во студентските права"

Студентите јасно да го искажат своето мислење

Автор на текст и фотографии Иван Дуковски
 
Меѓународниот ден на студентите се одбележува како спомен на трагичниот настан што се случил на 17 ноември 1939 година во Прага. На тој ден се задушени студентските демонстрации против нацистичката окупација на Чешка. Меѓународниот ден на студентите од тогаш станал симбол за студентските страданија во целиот свет.

По повод 17 ноември - Меѓународниот ден на студентите, Советот на Млади при Општина Штип го одбележа овој ден под мотото "Моќта на студентите е во студентските права".
-По повод 17 ноември - Меѓународен ден на студентите, Советот на млади на Општина Штип ги потсети студентите за нивниот ден и воедно ги покани да присуствуваат на дискусија на тема "Моќта на студентите е во студентските права", изјави Сања Стефанова, претседател на Совет на млади Штип.
На 24 ноември во Големата сала на Општина Штип со почеток во 18:00 часот, се одржа оваа дискусија каде што студентите и идни студентите, разговараа за нивните права, заштита на нивните студентски права и колку за нив вистински постојат Студентскиот парламент и студентскиот правобранител. 
-Во денешниов значаен настан за студентите на УГД во организација на Совет на млади, јас бев вклучен  во групата преку која сакаме да дефинираме гранка, како дел од  неформалното образование на студентите. Со насоки и предлози се надеваме ваквиот тип на неформално образование да биде дел при УГД во координација со Советот на млади од Штип, изјави Стефан Георгиев - студент.
Сања Стефанова, претседателот на Совет на млади при општина Штип, истакнува дека нивниот фокус е секогаш кон младите, како движечка сила и планираните настани на Советот се од отворен тип, каде што младите преку дискусија ќе имаат можност да ги кажат своите проблеми, идеи и мислења.
-Целта на настанот е да овозможиме студентите јасно да го искажат своето мислење за нивните права, во контекст на светскиот ден на студентите. Преку настанот се обидовме да изработиме две клучни теми кои што се од големо значење за студентите. Една од темите беше неформално образование да биде дел од секојдневниот живот не само на студентите, туку и на наставниот кадар и на сите млади луѓе.  Воедно се разговараше, како ние како Совет на млади може ова да го вметнеме и во институциите и во образованиот систем, додава Сања.
За подобра иднина и развој на вештини и способности на младите луѓе, Советот на млади ќе настојува и во организација на настани кои ќе бидат по барање на самите млади луѓе во Штип.
По повод овој ден, во Штип, како универзитетски центар на источна Македонија, веќе години  наназад се одбележува ваквиот ден. Голема значајност на овој ден, преку програмата на своите фреквенции, секогаш нуди Универзитетското радио, УГД ФМ. Имено, годинава УГД ФМ, со програма во живо од наставниот центар во Скопје, го одбележа Меѓународниот ден на студентите. Дел од студентите се вклучија во програмата на „УГД ФМ“ и на овој начин дадоа придонес во одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите. Освен студентскиот, во програмата на „УГД ФМ“ можеше да се слушне гласот и на голем број професори, но и познати музичари и актери од Македонија. 

Tags: 
������ ���� Diablo 4 ������ ���� ������� ����� ������ ���� ���������-������ ������ ���� Minecraft ������ ���� Assassin's Creed ������ ���� COD 2 ������������ � ���� � ������� ������� ������� �������� ����-������� ������� � ������� ������� ���� � ������� ������������ ������ ���� GTA 5 ���� 4 The SimsOnline � Minecraft 2 Assassins creed �� ������� COD 2 ������ Need For Speed 6 Grand theft auto london Gta unlimited ��� 5 Sims 4 ����������� �������