Каде трчаат младите во Штип?

Патека покрај реката Брегалница

Автор на текст и на фотографии Благој Китановски
 
Младите сè повеќе се заинтересирани да имаат здрав живот и да спортуваат. Посетивме неколку места каде младите имаат можност да трчаат. Во Штип има само една патека за пешачење која започнува од населбата 8 ноември па продолжува со текот на реката Брегалница се до населбата Ново Село. Таа е долга околу 2 километри, а покрај многу луѓе кои пешачат има и млади кои трчаат. Широка е околу 2 метри, па нема место за велосипеди.  
Таму го затекнавме Блажен Гуновски студент на медицински факултет. Тој вели:  
-Трчам на патеката да за да го искористам убавото време во овие пролетни денови, во исто време можам да уживам во чистиот воздух, убавото опкружување покрај реката Брегалница и да го одработам кардио – тренингот.
На патеката може да се сретнат луѓе на различна возраст. Ги има од рано наутро, па се до вечерните часови.
-Трчањето наутро е поздраво и поефикасно исто така се избегуваат гужвите кои ги има во во попладневните часови како. Постојат и многу други места каде може да се трча но јас најмногу трчам на патеката,  вели Блажен, кој како студент по медицина го интересира и здравствениот аспект и посветува многу внимание на тоа.
-Трчањето ми е дел од тренингот секогаш трчам после теретана да се релаксирам со трчањето бидејќи ми е вид на хоби, истакнува Блажен
Голем дел од рекраетивците кои ги затекнавме таму велат дека има доволно простор за пешачење и трчање, но дека им пречат оние кои со велосипеди се движат овде, затоа што се движат релативно побргу и можат да повредат некој.
Оние кои сакаат поинтензивен тренинг одат на штипската тврдина Исар каде патеката е поширока, но и по тешка за искачување. Искачувајќи се на оваа патека преку модерната технологија ја меревме надморската висина. Според она што имавме можност да го забележиме овде треба да искачите над 370 метри надморска висина од подножјето на Исарот до врвот. Малкуте рекреативци кои ги затекнавме овде се обично или професионални спортисти кои преку овој дел си го дополнуваат тренингот или рекреативци кои сакаат поголем предизвик.
-Прво трчам на градскиот стадион и од таму продолжувам на Исарот. Тренирам веќе подолго време и трчањето на стадионот во круг може да стане монотоно затоа продолжувам овде, ни изјави една млада девојка која ја затекнавме овде.
Од неодамна и градскиот стадион е отворен за сите кои сакаат рекреативно да се занимаваат со трчање. Со пуштањето на пешачката патека покрај реката Брегалница интензитетот на рекреативци овде е значително намален. 
 
Flick Gallery Linkhttps://flic.kr/s/aHskhVihy8

Tags: