На пат со велосипед низ Македонија

Антим најчесто вози сам кога станува збор за некоја мала дестинација

Пишува Мимоза Галабоска
 
Антим Јованов од Кавадарци, студент на рударскиот факултет во Штип, има интересно хоби, а тоа е планинскиот велосипедизам. Тој веќе 2 години и активно вози велосипед низ различни предели во Македонија, со тоа истражува и многу интересни места на еден авантуристички и уникатен начин.
-Најдоброто нешто во овој спорт е тоа што посетуваме места на кои никогаш до сега не сум ни помислил, тоа што постојано сме во природа и чист воздух  и што запознав многу други позитивни луѓе што се занимаваат со овој спорт, вели Антим.
Антим најчесто вози сам кога станува збор за некоја мала дестинација, но кога станува збор за некоја подолга, а и нова патека вози во група.
-Најмногу го имам возено тиквешкиот регион кој поседува одлични патеки , исто така имам возено и по мариовскиот, штипскиот и кичевскиот предел од Македонија, а за тоа која патека би сакал да ја возам во иднина не можам да издвојам  некоја посебно, но доколку некој пријател кој има возено некоја патека ми посочи дека таа патека е добра секако дека би сакал да ја возам, потенцира Антим.
Нај интересна патека која Антим ја има возено е тура по Мариово во која учествувале околу 300-400 велосипедисти.
За секој оној кој сака планинскиот велосипедизам да е и негово хоби, Антим ни кажа дека е потребно да има добар планински велосипед, како и специјална велосипедска облека, нараквици, кацига како и пумпа и резервна гума бидејќи честопати се случува да се скини гума затоа што се вози по планински патеки. Сепак тврди дека иако ова може да биде и многу скапо хоби, сепак и еден студент може со мала заштеда да си го дозволи.
Се  зависи од тоа што сакате да купите може да биде и многу скап спорт ако се купуваат најнови велосипеди и делови, но за почетник и за нашите услови може да се најде добар велосипед од 500 до 1000 евра.
Тој патеките ги наоѓа  со помош на некој пријатели кој претходно ја имаат возено или со помош на „google maps“. Доколку вози во група најчесто  се организираат и договараат на „facebook“ или преку телефон. Начинот на кој што стигнуваат до патеките кои ги возат зависи од тоа колку се оддалечени од нивното место на живеење, доколку станува збор за патека која се наоѓа во нивната околина најчесто до неа стигнуваат со велосипедите, но ако патеката е подалеку се организираат и одат со автомобили кои имаат специјални држачи за велосипеди.
За да ја обележи и измери брзината и времето на патеката Антим ја користи апликацијата endomondo. Endomondo е бесплатна апликација која може да се преземе на мобилните телефони.

Tags: