Work&Travel - едно незаборавно искуство

Work & Travel

Пишува Мимоза Галабоска
 
Секое лето на програмата Work&Travel заминуваат голем број студенти од Универзитетите во Македонија кои сакаат да поминат едно необично лето во САД. Голем е бројот на учесници на W&T програмата кои се вратија дома со едно ново огромно искуство за кое многу од нив тврдат дека им го променило животот.
-Да отидам во САД преку W&T програмата одлучив заради тоа што многу сакав да ја запознаам нивната култура и да научам нешто повеќе за нивниот начин на живот, воедно и да стекнам нови пријателства, како и да го усовршам јазикот, изјави Влатко Здравев кој 2 пати ги посети САД благодарение на W&T програмата.
И Драган Данилов бил во САД со програмата во 2011 година. Еве што вели за неговото искуство:
-Многу сакам да патувам! Преку оваа програма ги посетив САД, имав можност да го посетам Њу Јорк, Њу Хемпшир и да го поминам летото на прекубавата Хемптон Бич. Самиот престој и работа во САД ми овозможија да го подобрам англискиот јазик, да стекнам нови искуства и да ја запознаам американската култура одблиску.
На прашањето дали повторно би ги посетиле САД едногласно одговорија дека доколку би имале можности, а секако и слободно време повторно би ја посетиле земјата на можностите и ги советуваат сите студенти да го искористат нивниот летен одмор за едно неверојатно искуство кое може да се доживее само во САД преку W&T програмата.
Work & Travel е програма за културна размена на студенти. Право на учество на оваа програма имаат само редовните студенти кои студираат на универзитетите во Македонија, имаат уредно заврен семестар, редовно полагаат испити и кои зборуваат англиски јазик на комуникациско ниво. Целата на програмата е да им се овозможи на студентите да престојуваат за време на летниот студентски одмор во Америка, да се запознаат со културата на Америка, да стекнат нови пријателства и да го усовршат англискиот јазик, велат од „Коузон“, агенција која веќе 17 години работи  со W&T програмата.

Tags: