Не помислував дека ќе правам торти

Deyano Cakes

Автор Мимоза Галабоска
 
Никогаш во животот не помислував дека еден ден ќе се занимавам со правење и продажба на торти за разни прослави. Учам Економски факултет и отсекогаш сакав да имам сопствен бизнис. Идејата се роди на зимување во Банско, Бугарија и сосема спонтано. Бевме расположени и се собравме поголемо друштво. Како минуваше вечерта јас и мојот сегашен бизнис партнер почнавме да разговараме за нашите желби. Заклучивме дека двајцата сакаме да имаме сопствена фирма. Иако сè започна на шега сепак, кога се вративме од одморот заклучивме дека имаме иста цел и дека плановите од Банско можат да се претворат во реалност. Почнавме да работиме на нивно реализирање. Не знаев ништо за приготвувањето на торти, но големата желба за водење на свој бизнис ми беше мотив да научам се што е потребно. Па, така започна да работи фирмата Deyano Cakes. Сепак моите планови не застануваат овде. Во иднина имам желба бизнисот да го продолжам во САД
Влатко Здравев, 25 години

Tags: