Најголема нервоза во животот ми се две жени, а не една

Социјалните мрежи ми се дел од работата

Автор Моника Арсова
 
Мојата најголема гордост е што истовремено можам да свирам на гитара, усна хармоника, тапани и казу. Иако долго време функционирав како Тони - еден човек, еден бенд од неодамна решив да основам бенд кој се нарекува „Само Тони и две жени„. Свирењето на повеќе инструменти во исто време ми овозможи да настапам и да снимам видео запис со еден од најпознатите балкански бендови на денешницата- Дубиоза Колектив.  Најдобро се чувствувам кога свирам на улица пред обични луѓе, иако во нашата земја тој начин на музицирање се уште не е прифатен и е исмеван. За мене уличната школа е најдобра. Социјалните мрежи ми се дел од работата, но сепак мислам дека би можел да функционирам без нив. Мобилниот телефон е единствен уред без кој не би го замислил мојот живот.  Најголема нервоза во животот ми се две жени, а не една”.
Тони, 24 години 

Tags: