Како да стекнам работно искуство, кога немам прилика?

Елизабета Лазаревска

Автор Николина Атанасова
 
Животна желба ми е да се запишам на постдипломски студии во Винена. Во моментот напорно работам за да можам да си го остварам сонот. Дипломирав информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“, но сепак работам во фотокопирница. Најсреќен момент во животот ми е дипломската работа, а највредното нешто што го поседувам ми се пријателите и семејството. Не можам да најдам работа како информатичар, затоа што на сите огласи за вработување бараат работно искуство. Како јас да стекнам работно искуство, кога немам прилика? Не сум задоволна од работата и платата, но во моментот не гледав друго решение на проблемите“.
Елизабета Лазаревска (23).

Tags: