Партнери на Балканската Младинска Редакција
Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа од Скопје, Република Македонија е носител на проектот Балканска Младинска Редакција
ИДЕА Југоисточна Европа – ИДЕА ЈИЕ, Скопје
ИДЕА Југоисточна Европа е дел од меѓународната ИДЕА мрежа која има повеќе од десет години искуство во обуки за дебати на млади луѓе. Официјално, ИДЕА Југоисточна Европа е основана на 14 септември 2012 година, но организацијата имаше активности во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа две години пред официјалното регистрирање.
ИДЕА работи со млади луѓе во заедници со мала или никаква историја на дебати или јавни дискусии. Ние учиме на критичко размислување, застапување, решавање на конфликти, вештини за јавно и медиумско говорење. Веруваме дека дебатата е многу значајна образовна алатка, не само затоа што истражувања покажуваат дека таа го поодбрува критичкото размислување, академските достигнувања и јавното говорење, туку и затоа што ја поттикнува желбата за социјален и политички ангажман од една добро информирана и рационална позиција.
ИДЕА ЈИЕ исто така активно е вклучена во градење на капацитетите за дебата и медиуми помеѓу невладините организации во регионот на Југоисточна Европа, преку учество на дебатни турнири во Србија и во Бугарија, како и на медиумски настани во Босна и Херцеговина, како и посета и идентификување на капацитетот и потребите на неколку дебатни организации во Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Хрватска и регионот.
Основана во 1999 година, ИДЕА мрежата обезбедува образовни дебатни програми. Услужува илјадници млади луѓе и обучувачи секој месец преку различни услуги, тренинзи и настани. ИДЕА работи со училишта и со универзитети, дебатни организации и заедници. Партнер е со фондации, невладини организации, со бизнис секторот и со Влади.
Нашата работа води кон зголемено критичко размислување, толеранција, ја унапредува културната размена и ја зголемува академската вредност.
Наши партнери во овој проект се:
Студентското радио при Државниот универзитет Гоце Делчев во Штип – УГД ФМ
УГД ФМ со работа започна на седми октомври 2009 година најпрвин со експериментална програма за после неколку месеци да започне и со својата редовна програма. Програмата во текот на овие години главно е конципирана за младите луѓе и студентите, но исто така и за академската заедница. Во изминатите пет години во радиото учествуваа околу 100 студенти и млади луѓе кои ги споделуваа своите идеи и напори за реализација на програмата. Во моментот во радиото има активни околу 10 студенти и повеќе од 20 емисии во редовниот програмски распоред.
Сите заинтересирани студенти, не само од студиската програма по новинарство и односи со јавноста на Правниот факултет, учествуваат во реализацијата на програмата која има информативен забавен и едукативен карактер.
Мисијата на радиото е да ги информира студентите за сите активности на Универзитетот и да ја игра улогата на своевиден мост меѓу гласот на студентите и гласот на Универзитетот. Исто така радиото ја игра улогата на лабораторија за студентите по новинарство и односи со јавноста на Универзитетот. Преку практична работа и тренинг студентите учествуваат во продуцирањето на различни емисии. Тие подготвуваат радио дебати, музички емисии, интервјуа, радио драми и друго. Целта на Универзитетското радио е да биде и едукатор за младите луѓе од овој регион на начин што им нуди различни и некомерцијални емисии кои имаат едукативен карактер. Исто така дел од мисијата е да понуди и одредена забава за младите во регионот. Од време на време радиото заедно со своите диџеи се јавува како организатор на локални настани.
Младинска прес асоцијација во Босна и Херцеговина, од Сараево
Младинската прес асоцијација во Босна и Херцеговина (ONAuBIH) е невладина организација која што е основана во 2007 година. ONAuBIH е мултинационална и мултиетничка организација која е квалификувана на младите луѓе да им даде шанса да почувствуваат како е да се работи во медиум, да научат за медиумите и да учествуваат во креирањето на медиумскиот простор во Босна и Херцеговина.
ONAuBIH спроведува различни проекти со цел да се поврзат младите и медиумите. На младите им дава можност да научат тоа што сакаат да го научат и директно да учествуваат во медиумите. Ние сме горд член на Европски младиски прес – чадор – организација на сите младински медиуми во Европа.
ONAuBIH има 400 членови во 35 општини во Босна и Херцеговина и со своите активности покрива голем дел од територијата на БиХ.
ONAuBIH е водечка организација кога станува збор за младински медиуми во Босна и Херцеговина каде што, со едукација, информирање, критичко размислување и овозможување на нецензуриран, без политички влијанија медиумски простор, на младите луѓе им овозможува место за воспоставување подобри медиуми и градење доверба помеѓу граѓаните и медиумите.
ONAuBIH работи на неколку полиња, од кои четири се во фокусот на нејзината активност. Овие полиња на работа се состојат од различни активности и проекти – слобода на медиуми и медиумска професионалност, медиумска писменост, соработка со институциите кои што се занимаваат со медиуми и соработка со организации кои што се занимаваат со медиуми.
Јужне вести од Ниш, Србија
Основани во август 2009 година (официјално на 29 јануари 2010 година), Јужне вести се првиот интернет портал кој известува исклучиво за регионот во југоисточна Србија. Покрива настани од точно 28 градови и општини од Јужна Србија. За разлика од другите локални и регионални медиуми, Јужне вести се фокусира исклучиво на вести, важни за жителите на Јужна Србија, додека другите медиуми објавуваат вести и од национално и меѓународно значење. Во последните пет години од нашето основање, Јужне вести успеа да изгради репутација на независен, некорумпиран и транспарентен медиум, кој над сè, работи во интерес на граѓаните на Јужна и на Југоисточна Србија.
Младиот тим составен од новинари, програмери и активисти кои што ги граделе нивните кариери во граѓанскиот сектор, успешно создале информативен портал кој е горд на постојано зголемениот број читатели – месечниот раст на бројот на читатели од 12%, над 2.2 милиони прегледи на страниците месечно, со повеќе од милион посети, со повеќе од 130,000 поддржувачи на Фејсбук и со над 6,000 поддржувачи на Твитер.
Една од најголемите компоненти на Јужне вести кон кои што целиме е истражувачкото новинарство, примарно за теми поврзани со манипулации во јавниот сектор, трошење на парите на даночните обврзници, корупцијата и злоупотребата на јавните ресурси, генерално. Имајќи ја предвид специфичната политичка ситуација во Србија, уредувачкиот тим постојано се соочува со најразлични видови притисоци, вклучувајќи и спонтани и необични финансиски контроли, обиди за подмитување, директни и индиректни закани испратени од страна на високи државни функционери, кои што се функционери и на политички партии.
Јужне вести е првиот интернет портал во Србија кој што ја призна јурисдикцијата на Советот за медиуми и ги прифати сите правила на нејзините регулаторни тела, создавајќи структура која што бара механизми кои што функционираат и одговараат на специфични потреби и ситуации во општеството и кои што од Јужне вести бараат да функционира како независна структура. Работата на Јужне вести е заснована на вредности, дефинирани врз добро признати принципи, како што се демократски медиуми и партиципативни медиуми.